Градоначалничка Нацева: Неготино ќе го имплементира проектот „Безбеден град“, оваа година

Објавено: 30 јануари, 2026, во 15:07 часот

Градоначалничката Марија Нацева е децидна дека во општината од која потекнува Фросина, која загина во сообраќајна несреќа во Скопје пред една година, се има морална и институционална обврска, да се зачува споменот на неа, но и активно да се работи на тоа, вакви трагедии никогаш да не се повторат.

Нацева истакна дека безбедноста е врвен приоритет и дека се инвестира во превенција, за посигурен живот.

„Со гордост најавувам дека во текот на 2026 година, Општина Неготино ќе го имплементира современиот систем „Safe City“. Безбедноста на нашите граѓани, особено на младите, е наш врвен приоритет. Преку проектот “Safe City” од една страна и соработката со фондацијата „Фросина Кулакова“, од друга страна, инвестираме во технологија и превенција за Неготино да биде посигурно место за живеење,“ пишува во статусот на Фејзбук Нацева.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.