Градоначалник Цветковски: Изгоре уште една шума во општина Лозово, пироманите ќе ги откриеме (видео)

Објавено на 30 август, 2024 во 15:45

Општина Лозово од вчера е посиромашна за 10 хектари шума. Во пожар којшто ја зафати боровата шума помеѓу месноста Ќишино и селото Дорфулија изгоре и онака малиот шумски фонд во Овчеполието. Градоначалникот Бошко Цветковски тврди дека станува збор за подметнат пожар и ја открива причината.

Во еден,  поточно само во вчерашниот ден, на територијата на оваа општина гореа вкупно четири пожари. Три од нив ги има и во дневното, утринско, информирање на Центар за управување со кризи. Вчера изгорената борова шума се наоѓа помеѓу селата Дурфулија и Каратманово, додека пожари се евидентирани и крај село Ќоселари каде гореле ниска шума, грмушки и сува трева како и кај село Милино каде огнот изгорел сува трева и трње.

Десетте хектари со боровата шума, којшто вчера изгоре, во пожарот кај село Дорфулија беа засадени пред половина век. Толку време ќе биде потребно и на новите насади за да ги вратат благодетите што и ги даваа овие дрвја на природата и на граѓаните, коишто живеат, на територијата на дел од македонска рамница препознатлива како поранешен голем производител на жито, сончоглед и маслодајна репка.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.