Крадци во Градско ограбиле Сиријци

Објавено: 18 септември, 2014, во 13:06 часот

Четворица жители на Градско на возраст од дваесет и осум до триесет и четири години, начекале сиријски државјани на железничката станица, им се заканиле и им украле се што носеле со нив. Инцидентот се случил на шеснаесети овој месец во еден часот по полноќ.

Жителите на Градско затекнале четворица сиријци и ги запреле. Им се заканиле мафтајќи со срп, коса и вила. Насилно ги внеле во куќата на едниот од насилниците. Им одзеле 325 евра, седумстотини денари и три мобилни телефони.

Откако ги држеле еден час во куќата, ограбените биле избркани.

Пријавените се изведени пред истражен судија и за стореното кривично дело заработија мерка притвор од триесет дена. Тие се префрлени во истражниот затвор во Скопје. Осомничени се за кривично дело „противправно лишување од слобода и разбојништво“.

Инаку бегалци од Сирија многу често можат да се забележат по железничките пруги во земјава. Тие се обидуваат, транзит преку Македонија, да стигнат во некоја од Западно европските земји./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.