Клучката кај Градско доби осветлување

Објавено на 23 октомври, 2013 во 13:37

На клучката кај Градско, дел од Коридорот 10, од синоќа светат 78 светилки на вкупно 57 канделабри. Се осветлува и автопатот под  мостот со 8 рефлектори.

 

Така е постигнато комплетно осветлување на овој дел од автопатот во кој ЈП за државни патишта вложи  7,5 и уште 6,5 милиони денари за осветлувањето на магистралниот пат од Велес кон Штип. Таму е осветлен патот во делот низ населените места Лозово и Сарамзалино.  Ќе се осветлуваат  уште неколку клучни места на Коридорот 8.

– На превојот Стража и на магистралниот пат кон Маврово како и на делот кој продолжува кон Дебар. За два месеци ќе се осветли и клучката Петровец , на делот од аеродромот Александар Македонски кон Петровец и Велес , рече  Љупчо Горгиевски директор на ЈП за државни патишта.

Осветлување ќе добијат и последните три километри од Коридорот 10 , од Гевгелија до граничниот премин Богородица. Секаде се поставуваат економични светилки кои штедат електрична енергија.  Од понеделник на клучката кај Градско ќе бидат поставени и нови сообраќајни знаци./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.