Граѓанин од Демир Капија измамен за 14.700 денари
Објавено: 11 ноември, 2025, во 15:14 часот
Педесет и шест годишен маж од село во Општина Демир Капија бил измамен за сума од 14.700 денари и пријавил во Одделение за внатрешни работи Неготино.
Како што пишува во дневниот билтен, тој и неговиот син започнале комуникација со лице кое на социјални мрежи објавило оглас за работа во странство по што тие во три наврати извршиле уплата на средства на фирма во Скопје, откако не добиле визи сфатиле дека биле измамени.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Убавка Јаневска


