Хрватска државјанка осомничена е за семејно насилство во Кавадарци – со 2,61 промили алкохол во крв го прободела два пати со нож сопругот
Објавено: 26 јануари, 2026, во 11:03 часот
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Р.Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека сторила кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавно обвинителство на Македонија.
„На 25 јануари, утрото, во состојба на пијанство со присуство на 2,61 промили алкохол во крвта, осомничената вршела семејно насилство и телесно го повредила својот сопруг. По вербална расправија, зела нож од кујната и го прободела оштетениот во левото и во десното рамо, а потоа го гребела по вратот и телото,“ пишува во соопштението на ЈОРСМ.
Оттаму додаваат дека Јавниот обвинител, имајќи ги предвид сите околности, оцени дека се исполнети законските основи и до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничената.
Убавка Јаневска


