Хуманитарен настан во Велес: „Македонија за Саше Димовски“ (фото и видео)
Стенд ап комичари, „Даре бенд“, девојките „D chicks“ и илјада и петстотини посетители вчеравечер присуствуваа на хуманитарниот настан во хотел „Глориус“. Најбројни беа велешани но имаше посетители и од Скопје како и од повеќе градови во Македонија со цел да ја покажат хуманоста и изразат почит кон новинарот Саше Димовски на кого во моментов му е потребна нивната поддршка во обезбедување на протеза и лекување на болеста дијабетес. Стенд ап комичарите Стефан Николовски, Тино и Атанас и Сашко Коцев беа задолжени за громогласната смеа додека „Даре бенд“ и девојките „D chicks“ за пеење и танцување на присутните посетители.
За одржување на повеќечасовниот настан го организираа хуманитарката Ленче Здравкин заедно со уште неколкумина велешани.
Дума.мк ви пренесува преку фотографии и видео дел од атмосферата на хуманитарниот настан „Македонија за Саше Димовски“.
Убавка Јаневска