И судската администрација од Велес бара 78% покачување на платата
Судската администрација од денеска, започна со протест насловен „Европски плати за Вас и за нас“. Нивните барања се да се обезбедат дополнителни средства за зголемување на минималната плата од 78% како и месечна исплата од 35% додатоци на плата на оваа служба.
-Како што се покачија платите на судиите, така и ние бараме покачување на платите. Сите знаеме дека миниалната плата изнесува 20.175 денари и бараме нејзино покачување од 78%. Ние ќе протестираме се до исполнување на нашите барања, рече Круме Тодоров, претседател на НЗДА подружница Велес.
Протестот е во организација на Независниот синдикат на државна администрација – подружница Велес, Независниот синдикат на државната администрација и поддржан е од Здружението на судска администрација.
-Здружението на судска администрација при Основен суд Велес дава целосна поддршка за вакви изразени протести. Ние ќе ги поддржуваме членовите се до остварувањето на нивните барања, рече Ана Весова.
Вработените во судска администрација ќе протестираат секој работен ден од 09:00 до 11:00 часот, се до исполнување на нивните барања.
Стефани Манева