ИН МЕМОРИАМ: ЈОСЕ НИКОЛОВ (1948 – 2025)

Во 76-тата година од животот, во петокота 23 мај, во доцните попладневни часови, во Велес почина Јосе Николов, еден од најдобрите велешки фудбалери на сите времиња. Николов беше фудбалер со најмногу настапи во дресот на ФК Борец.
Велешката фудбалска легенда роден е на 17.11.1948 година во Велес. Кариeрата ја започнува како пионер во ФК Борец. Со седумнаесет години започнува да настапува за првата екипа на ФК Борец. Беше еден од најквалитетните фудбалери на ФК Борец, играјќи со повеќе генерации и со најдолг стаж на носење на капитенската трака на клубот.
За ФК Борец настапувал дваесет години сè до 1985 година, кога ја завршува својата богата играчка кариера.
Посмртните останки на Јосе Николов ќе бидат изложени во црква „Свети Спас“ денеска, недела, 25 мај, во 11:00 часот додека погребот ќе се одржи во 11:30 часот.
Вечна слава велешка спортска легендо!
Дума.мк
