Истекува лиценцата на Испитен центар за полагање на возачки испит во Велес, МВР распиша Јавен конкурс за избор на правно лице и нова лиценца

Објавено: 13 јануари, 2026, во 10:37 часот

Право на учество на јавниот конкурс за избор на правно лице за добивање лиценца за испитен центар Велес, со подружница и испитно место во Неготино и Кавадарци, има секое правно лице кое ги исполнува условите за работа, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој пропишува дека за добивање на потребниот документ за работа кандидираното правно лице треба да  располага со стручен кадар, воспоставена организација на работа, простор опремен со камери и материјално – технички капацитети, сообраќаен автодром-полигон во седиштето и подружниците во лична сопственост или под закуп со исполнети пропишани услови и сообраќајно-технички елементи, информатичка опрема за вршење на потребните работи и возила, сопствени или под закуп, од категориите за кои испитниот центар е овластен да врши испитување на кандидати за возачи согласно со одредбите од овој закон.

Правните лица кои ќе се пријават на јавниот конкурс потребно е да ги исполнуваат и дополнителни услови согласно Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити. Кандидираните правни лица треба да имаат Испитен центар со простории и материјално-техничка опрема потребни за вршење на работите на организирање и спроведување на возачки испит за кандидати за возачи, во лична сопственост или под закуп; во седиштето на испитниот центар да има соодветни простории за административно работење на референтите и испитните комисии какви што се: простории за работа на раководителот, на контролорот и другите вработени; пријавувањето на возачкиот испит кандидатите да го вршат во посебни простории – пријавни места, кои можат да бидат во сопственост на испитниот центар или под закуп, опремени со информатичка опрема за пријавување.

Што се треба да исполнуваат како услови за добивање на Лиценца за работа, заинтересираните правни лица, можат да прочитаат на веб страната на Министерството за внатрешни работи. Јавниот конкурс е распишан вчера, 12 јануари, а крајниот рок за аплицирање е 27 јануари 2026 година.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.