Издумани Крлевизми: Да живеат политичарите, ама исто како народот!
Објавено: 11 мај, 2026, во 10:10 часот
Нов понеделник и нови афоризми на нашиот и ваш афористичар и сатиричар Атанас Крлевски. Неговите 10 нови афоризми се објавени за читателската заедница на Дума.мк. Инспирацијата за афористичкото перо да пишува, ќе ја препознаете откако ќе ги прочитате:
„Смејте се! Треба да се живее.“
„Преживува само тајната за која никој не се интересира.“
„Имам богато искуство во сиромаштијата.“

„Секоја глупост се истрчува како прле пред магаре.“
„Да живеат политичарите, ама исто како народот!“
„Моите прашања не заслужуваат одговори… од било кој!“
„За да носиш некого на душа треба да немаш душа.“
„Добив епизодна улога. Во серија од илјада епизоди.“
„Во политиката е како во љубовта. Нема пријателство.“
„Моите афоризми се сфаќаат отпосле.“
Вашиот,
Атанас Крлевски



