Издумани Крлевизми: Колку убава би била сегашноста без историја од победниците и лажни ветувања за иднината
Објавено: 7 август, 2026, во 10:22 часот
И овој петок ги објавуваме најновите 10 афоризми, на нашиот соработник Атанас Крлевски. Афористичкото перо пронајде инспирација од секојдневните настани и случки на граѓаните за да напише:
„Во мое време сопруга – маж имаше преносно значење. Денес – буквално!“
„Никому не завидувам, а не сум будала. Јас сум гениј!“
„Ако размислувате дали да полудите, размислувајте подолго. И без вас бројот е енормен.“
„Копирајте ме! Секој тоа не го заслужува.“
„Современите Јуди тешко се откриваат. Банкарските сметки се беззвучни.“
„Воспитаните деца се огледало на родителите. Невоспитаните – исто!“
„Наградите ми се десерт. Делата ми се храна.“
„Кој размислува правилно знае да премолчи и да молчи, ама не молчи кога го замолчуваат.“
„Ако вториот брак е поправен испит, што е третиот?“
„Колку убава би била сегашноста без историја од победниците и лажни ветувања за иднината.“
Вашиот,
Атанас Крлевски


