Издумани Крлевизми: „Шегата е победник, а потсмевот – губитник!“
Објавено: 22 мај, 2026, во 10:37 часот
Афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски со нови 10 афоризми напишани за читателската заедница на Дума.мк. И овој петок, афористичкото перо е инспирирано од секојдневните случувања, проблеми и предизвици на граѓаните:
„Ако вистината е некаде во средината, зошто во мојата средина има и лаги?!“
„Забавата е забавна ако мене ми е забавна.“
„И поезијата се пишува по ноти. По лични ноти на поетот.“
„Кој јазик е најтежок? Молчењето!“
„Од минатото и иднината не се гледа сегашноста.“
„Р‘бетот го свиткувам само кај ортопедот.“
„Самобендисаните ги опсипувам со фалби, ама не, во присуство на други.“
„Тајните се кажуваат во четири очи, ама дали ги слушаат четири уши?“
„Хуморот е сино небо, а сатирата – бура!“
„Шегата е победник, а потсмевот – губитник!“
Вашиот,
Атанас Крлевски


