Издумани Крлевизми: За да прашате не мора да се свиткувате како прашалник
Објавено: 12 јуни, 2026, во 10:04 часот
Малку време и за афористичкиот предизвик на нашиот афористичар и сатиричар Атанас Крлевски, Вредното афористичко перо за читателската заедница на Дума.мк ги напиша 10-те афоризми за денешниот ден:
„Зошто да му умре кравата на комшијата. Покорисно е да ми ја подари мене.“
„Скалата на успехот најмногу се ниша кога сте стигнале на врвот.“
„Гравитацијата не влијае на умот. Затоа може лесно да ви лета.“
„Задоцнив. Многу брзав!“
„Жените се облекувале за себе. Убедени се дека мажите повеќе ги сакаат без облека.“
„Мрзеливецот има време на претек. Од вишок, глава не боли! “
„Никому не му завидувам. Не постои човек , вреден за завист!“
„Не можеш да мислиш дека не мислиш.“
„За да прашате не мора да се свиткувате како прашалник.“
„ Опростувам туѓи грешки. Така полесно ги поднесувам моите.“
Вашиот,
Атанас Крлевски


