Издумани Крлевизми:„Во биографијата на полтронот – главен лик е претпоставениот“

Објавено: 15 мај, 2026, во 10:10 часот

Овој петочен творечки резултат на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски го инспирираа секојдневни, актуелни како и животни предизвици на обичниот човек. Инспирирано од нив, афористичкото перо во изминатите седум дена напиша:  

„Роди ме мајко со среќа, ама купи ми и диплома!“

„Од мене не бидува ѕидар. Не знам да ѕидам со пари.“

„Во стадо без овен, овците се овци.“

„Купувам стан и по цена од пет илјади евра за квадрат… ако е од чоколадо.“

„Операцијата? Успешна, ама пациентот бил здрав.“

„Во биографијата на полтронот главен лик е претпоставениот.“

„Од дипломите не се гледа знаењето.“

„Кога велиме: ,,со чесни исклучоци”, најпрво мислиме на себе.“

„Чукањето в гради го има звукот на тропање во тенекија.“

„Ја барам среќата. Значи, постојам!“

Вашиот,

Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.