Измамена велешанка со СМС порака за наводен сообраќаен прекршок
Објавено: 8 мај, 2026, во 12:58 часот
Измамата се случила на 5 мај, годинава, додека 43-годишната велешанка ја пријавила вчера, во 16:00 часот во СВР Велес. Таа дала изјава дека е измамена за сума од 16.592 денари.
-Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати. Во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за прекршокот. Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку наврати добила порака за неуспешно плаќање, а подоцна забележала дека од сметката ѝ биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска

