Изведена првата лапароскопска уролошка операција во ЈЗУ Општа болница Кавадарци

Објавено: 8 август, 2025, во 15:17 часот

Во ЈЗУ Општа болница Кавадарци беше успешно изведена првата лапароскопска уролошка операција. Интервенцијата беше извршена кај пациент на возраст од 38 години, со дијагноза на варикоцела – проширување на вените во скроталниот предел.

Операцијата ја изврши д-р Тони Несковски заедно со тимот од Одделението за уролошка хирургија, во тесна соработка со Проф. д-р Јован Ивчев. Анестезиолошкиот тим беше предводен од спец. д-р Билјана Еленова, чиј придонес беше клучен за безбедното спроведување на процедурата.

-Оваа интервенција претставува значаен чекор напред во развојот на минимално инвазивната хирургија во нашата установа и потврдува дека Општата болница Кавадарци продолжува да го унапредува квалитетот на здравствените услуги во корист на пациентите, изјавија од болницата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.