Кај наплатна рампа Демир Капија, во возило, пронајдени двајца илегални миграни
Објавено на 4 март, 2022 во 12:48
Полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор „Михајлово“, на автопатот Неготино – Демир Капија, кај наплатна рампа Демир Капија, вчера, во 17:20 часот, го лишиле од слобода четириесет и едно годишниот Г.Ц од Скопје.
-При преглед на патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ц., биле пронајдени двајца илегални мигранти од Куба, пишува во дневниот билтен на Министерство за внатрешни работи.
За настанот бил известен Јавен обвинител и увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Неготино и полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева