Како се скрши тврдото срце на институциите за да ги заштитат граѓаните од загадувањето!? Поткаст со Соња Гаврилова
Потребата за климатска рехабилитација на деца кои имаа последици по здравјето поради загадувањето од Топилницата во Велес беше еден од чекорите со кој се започна Зелената Револуција во Велес.
Хуманите примероци од коса на деца во Велес споредени со деца од други градови покажа енормно присуство на олово и кадмиум што беше доказ за потреба од итно еколошко дејство.
Дали невладините организации и борците за здрава животна средина имаа поддршка од институциите на почетокот на борбата против загадувачот во Велес?
Дали институциите превземаа доволно мерки за да ги заштитат граѓаните од загадувањето? Каде се скрши тврдото срце на институциите за да почнат да дејствуваат во интерес на здравјето на граѓаните? Кои се предизвиците на новото време кои го загрозуваат здравјето на децата и младите? Кои се заканите по здравјето на луѓето и животната средина? Како градот Велес ја тужеше државата согласно уставното право за здрава животна средина? Како со НВО-ии Велес ја извојува Зелената Револуција? Дали сме на прав пат и дали навистина дествуваме за да изградиме зелени градови и зелено општество? и уште многу пикантни теми и информации слушнете во поткастот со г-ѓа Соња Гаврилова, психолог и поранешна претседателка на Здружението на родители за грижа за здраво поколение.
Водители на поткастот се: Димитар Андонов, Андреј Теов, Вики Влахчева и Стевче Дечев. Продуцент и техничко водство е на: Зоран Ставрев. Техничката реализација на: Димитар Андонов и асистенција од: Филип Спиров. За светлото одговорен: Панче Спиров. Додека Уредник е: Стевче Дечев.
На интернет страниците на Фондацијата и медиумските интернет страници ќе бидат објавувани стории за секој поткаст и одредени интервјуа со водителите и гостите
Подкастите можат да се погледнат и на профилот Импакт Медиа на YouTube
Подкастите се снимени во: Вардар Иновативен Хаб, Велес.
XYZ – Green ambassadors (зелени амбасадори) е когрантиран проект во реализација на Фондацијата Импакт Нет, а е поддржан од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата Млади – агенти на промените, имплементиран од Центарот за Интеркултурен Дијалог – Куманово, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражување и анализи – НОВУС Струмица.
Дума.мк