Кавадарчанец, два пати во ист ден, управувал моторни возила без возачка дозвола и два пати бил приведуван во полициска станица

Објавено: 16 март, 2026, во 14:33 часот

Триесет и четири годишниот К.М. од Кавадарци низ улиците на Кавадарци прво возел мопед а потоа и автомобил без возачка дозвола. Тој, вчера, два пати бил приведуван во полициска станица и пуштан а времено му биле одземени мопед и автомобил.

„При сообраќајна контрола во 12:30 на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициските службеници запреле мопед со кавадаречки регистарски ознаки, кој К.М го управувал, при што констатирале дека го управувал без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен. Откако бил ослободен, истиот ден во 20:10 часот на улица „Љубљанска“ во Кавадарци, полициските службеници повторно го лишиле од слобода К.М.. овој пат бил затекнат како управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки без возачка дозвола, односно без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено. По документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.