Кавадарчанец фатен пијан зад волан со речиси 3 промили алкохол – предизвикал сообраќајка

Објавено на 22 јули, 2025 во 14:36

Полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 29-годишниот кавадарчанец Р.С. откако вчера, околу 21:15 часот предизвикал сообраќајна несреќа на улицата „7 Септември“ во градот.

-Во незгодата учествувале две патнички возила – „фолксваген“, управуван од Р.С., и „пежо“ со кое управувал 31-годишниот Б.К., исто така од Кавадарци. По интервенција на полицијата и извршени проверки, било утврдено дека Р.С. возел под дејство на алкохол, со измерени 2,92 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР Велес.

Лицето е задржано во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.