Кавадарчанец фатен пијан зад волан со 2,30 промили алкохол во крвта
Објавено: 8 октомври, 2025, во 12:19 часот
Полициски службеници од ОВР Прилеп ноќеска околу 01:45 часот привеле 41-годишен жител на кавадаречкото село Бегниште, откако бил затекнат како управува патничко возило под дејство на алкохол.
При редовна контрола на патниот сообраќај на улицата „Леце Котески“ во Прилеп, полицијата го запрела возилото марка „Форд“ со кавадаречки регистарски таблички, управувано од лицето Л.Т. По извршената алкотест контрола, било утврдено дека возачот имал 2,30 промили алкохол во крвта, што е значително над дозволената граница.
Л.Т. е веднаш приведен и задржан во полициска станица. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик, кој се однесува на „безобѕирно управување со моторно возило“.
Полицијата најави дека презема засилени мерки за санкционирање на вакви случаи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Стефани Манева


