Кавадарчанец ја нападнал сопугата и велешанец бил каснат од бездомно куче
Објавено на 16 декември, 2023 во 12:14
Полициски службеници од ОВР Кавадарци, вчера, во 13:00 часот, го лишиле од слобода Ј.С.(59) од Кавадарци затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 57-годишна сопруга.
„За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти портпаролката на Сектор за внатревни работи Велес, Биљана Ѓаковска.
Според Ѓаковска, вчера, во 15:00 часот во Полициската станица Велес, седумдесет и седум годишниот велешанец Р.Р. пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од бездомно куче.
Убавка Јаневска