Кавадарчанец оддал службена тајна, полицијата му поднесе кривична пријава
Објавено на 24 април, 2025 во 09:44

Сектор за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против Н.Ј.(32) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично делo „одавање службена тајна“.
„На 18.02.2025 година пријавениот на социјална мрежа објавил статус со информација која претставува службена тајна,“ соопшти СВР Велес.
Дума.мк
