Кавадарчанец се самозадоволувал пред малолетнички
Објавено: 27 јули, 2022, во 10:46 часот
На спортско игралиште во кавадаречко село едно лице се самозадоволувало пред две малолетнички. Случајот во Полициска станица Кавадарци, во понеделникот, 25 јули, го пријавил 48 годишен кавадарчанец, татко на една од малолетничките.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Стефани Манева
