Kавадарчанецот Ѓорѓи Мешков, вечерва, го промовира романот „Отуѓување 2“ во родниот град

Објавено: 23 април, 2026, во 10:04 часот

Промоцијата ќе се одржи во Домот на културата „Иван Мазев – Климе“ во Кавадарци, вечерва, 23 април, со почеток во 19: 30 часот.

Романот „Отуѓување 2“ излезе од печат годинава, во месец март и се надоврзува на истите настани од првиот дел, поточно на романот „Отуѓување“ кој што авторот Ѓорѓи Мешков го издаде во 2023 година. Жанровски е драма којашто се темели на вистински настани кои се случуваа, сеуште траат во реално време и не се знае до кога …

Темата е отуѓувањето на децата, како подмолна појава, процес, на кои се изложени голем број деца веќе од нивната најрана возраст. Со порастот на бројот на разводи, рапидно расте и појавата на отуѓување на децата од едниот родител по разводот – родителското отуѓување кое што Мешков, во романот, го прикажува низ голготата на еден родител, низ неговата борба за спас на своето малолетно дете од процесот на отуѓување притоа откривајќи ги методите на отуѓувањето кое го врши другиот родител. Без стручни дијагнози и експертски толкувања на отуѓувањето, романот, низ емоциите на двајцата родители од кои едниот е отуѓувач, ги опишува и слика страдањата на нивниот заеднички син. Всушност, романот е вистинска семејна психо – драма.

Од друга страна, преку борбата за спас на детето, која ја води едниот родител, приказната во романот јасно го посочува нестручниот, непрофесионален, лаички и индолентен однос на еден дел носители на функции во државните институции и органи за социјални работи, кои се законски обврзани и единствено надлежни за справување со ваквите незаконски и крајно штетни процеси, како што е отуѓувањето.

Наместо да ги попречуваат ваквите појави, дел од носителите на дејноста во овие институции, без никаква одговорност – или одвај реагираат, или реагираат несоодветно. Во некои случаи стануваат дури и соучесници со извршителите на ваквиот вид на злосторство.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.