Кавадарчани можат да ја пијат водата од градскиот водовод без превривање, соопшти ЈП „комуналец“

Објавено на 10 април, 2025 во 12:02
Фото:Архива на Дума.мк

По осум дена од првичното соопштение за забрана за пиење на водата од градскиот водовод во Кавадарци, доколку не е превриeна, ЈП „Комуналец“,  преку ново соопштение  ги известува кавадарчани дека сега можат да ја пијат затоа што безбедна е за пиење. Јавното претпријатие на 1 април, годинава, соошти дека водата за пиење заматена е поради дождовите кои наврнаа во Кавадарци. По најновите лабораториски испитувања кои покажаа сосема поинакви резултати на квалитетот на водата за пиење на територијата на општината претпријатието известува:

„Ги известуваме граѓаните на општина Кавадарци кои се снабдуваат со вода од водоснабдителниот систем Лукар, дека по извршените лабораториски испитувања од овластена лабораторија утврдено е дека водата е безбедна за пиење,“ пишува во објава на Фејсбук страницата на „Комуналец“. 

Претходно, во првичното соопштение, пишуваше дека освен наврнатата количина на дожд во кавадаречко, исто така, причина за заматувањето на водата за пиење е и големата количина на дождовна вода која се слева во изворите Лукар.

А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.