Кавадарчанка измамена од лажен банкар, неколку пати уплатила по 270 евра

Објавено на 23 јануари, 2024 во 12:33

Педесет и седум годишна кавадарчанка вчера, во Полициска станица Кавадарци, пријавила дека е измамена од едно лице. Според пријавеното, лицето и се претставило како преставник на странска банка со претставништво на Балканот и се договориле да и помогне да добие кредит со ниска каматна стапка.

-Како што е пријавено, таа во текот на месецот во неколку наврати уплатила по 270 евра за наводната услуга, но тој барал да префрли уште пари, а не добила ништо и сфатила дека е измамена, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.