Кавадарчанка украла лична карта со намера да дојде до туѓи пари додека друга во полиција пријавила вознемирување од сограѓанин
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во 12:40 часот, ја лишиле од слобода Н.И.(47) од Кавадарци, постапувајќи по пријава од вработена во финансиско друштво, за обид со туѓа лична карта да подигне парични средства.
Четириесет и седум годишната жена била приведена во полициска станица каде и била одземена туѓата лична карта ѝ по документирање на настанот, против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава.
Еден час претходно во Полициската станица на ова Одделение на Сектор за внатрешни работи Велес 53-годишна кавадарчанка пријавила дека од 05 ноември до вчера била вознемирувана во повеќе наврати на социјални мрежи од страна на лицето И.Т. со објави против неа.
-Според пријавеното, во една прилика И.Т отишол и на нејзиното работно место во Кавадарци каде и се заканил и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од колегите на пријавителката. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска