Кавадарци ја доби првата нова жителка во 2026-та, новороденчето е женско

Објавено: 1 јануари, 2026, во 09:52 часот

Првото новородено бебе во оштина Кавадарци во новата година е девојче кое на свет дојде 28 минути по полноќ. Веста ја соопшти ЈЗУ Општа болница Кавадарци.

„Со голема радост ја споделуваме веста дека во 00:28 часот во ЈЗУ Општа болница Кавадарци се роди првото новородено бебе во Новата година поточно женско бебе, родено по спонтан пат. Новороденчето е со родилна тежина од 2550 грама, долго е 51 см и е со APGAR скор: 8/9/10,“ соопштија од болницата.

Исто така на мајката и новороденчето им посакаа многу здравје, радост и среќни моменти, а Новата година да им донесе љубов, благосостојба и убави спомени.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.