Кавадарци започна со собирање електронски отпад – акцијата продолжува од септември во училиштата

Објавено: 21 август, 2025, во 11:02 часот

Акција за собирање електронски отпад денеска беше спроведена во Кавадарци. Отпадот бил селектиран од страна на образовните инстутиции како и служби од Општина Кавадарци. Целта на оваа акција била електронскиот отпад кој е нефункционален и расипан да не заврши на градска депонија туку да се селектира и да се пренесе на соодветно место кадешто ќе продолжи процесот на негова рециклажа.

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, објасни дека оваа акција претставува само прв чекор кон правилното управување со сите видови на отпад.

-Акцијата ќе продолжи и од почетокот на новата учебна година, кога сите ученици кои дома поседуваат нефункционален електронски отпад ќе можат да го депонираат во веќе поставените контејнери за електронски отпад во сите образовни институции, додава Јанчев.

Општина Кавадарци оваа акција ја реализира со колективниот постапувал „Нула Отпад“ со кој има склучено договор за меѓусебна соработка.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.