Започна есенскиот панаѓур во Кавадарци
Објавено на 13 октомври, 2012 во 23:14
Традиционалниот есенски панаѓур во Кавадарци започнува од денеска. Како што информираа од локалната самоуправа над 420 трговци годинава ќе бидат вклучени во панаѓурот кој ќе трае до вторник.
За трите дена од панаѓурот трговците плаќаат 1600 денари за метар должен, а ќе понудат најразлични производи, пластика, текстил и разни други ситници.
Панаѓурот ќе биде лоциран од кружниот тек во новиот центар на градот по булеварот „Едвард Кардељ” до „Северен булевар”. Организаторот најавува дека за хигиената ќе се грижи посебна служба, а трговците ќе имаат на располагање 14 современи тоалетни кабини.