Директорот на кавадаречко водостопанство незаконски продавал песок!
Објавено на 19 декември, 2012 во 13:41
Заработи кривична пријава од велешката полиција.
Според полицискиот билтен директорот на ЈП „Водостопанство Тиквеш“, Љ.Д. (46) од Кавадарци минатата година распишал јавен повик за ископ на минерални суровини од Вардар и Црна Река. Во повикот дал образложение дека песокот, чакалот и камењата му се за регулација на делови од речните корита, но за тоа ниту го известил Министерството за животна средина. Биле избрани три фирми со кои и покрај тоа што немало дозвола биле склучени договори за ископ. Откако песокта била извадена од речните корита наместо за нивна регулација директорот ги продал на истите фирми кои го вршеле ископот. Поради ова СВР – Велес поднесе кривична пријава за „злоупотрба на службената положба и овластување“.