И кавадарчани сакаат поевтина струја!
Граѓанската иницијатива “Аман“ денеска пристигна и во Кавадарци.
Претставници на ова граѓанско здружение ја побараа подршката на кавадарчани околу измените на законот за енергетика , враќање на евтина дневна тарифа на струјата и укинување на правилникот за топлинска енергија на Топлификација.
“Аман“ во овој град ја доби подршката и на опозицијата и нејзиниот кандидат за градоначалник Бетиан Китев. Протестот започна пред општинското собрание, а продолжи низ улиците од центарот на градот за да на крај се дадат потписи во подрачното одделение на ДИК каде се собираат потписи за иницијативата на “Аман“.
“Целосно се согласуваме со барањата на оваа граѓанска иницијатива, која се противи на самоволието на партискитеодлуки на регулаторната комисија за енергетика. Одлуки кои одат директно на штета на граѓаните, а во корист на државата и на енергетските монополи. Она што е важно е што наовие сметки не ја пишува партискатаприпадност, пишува само име и презиме и тоа значи дека сите треба да ја подржиме оваа иницијатива, без разлика на политичката, етничката или верска припадност, бидејќи на нив пишува, ако не платите ќе ве исклучат“ рече Китев.
Секој потпис е дел од потребните 10 илјади за измените на законт за енергетика да велзе во собраниска процедура. Од АМАН веруваат дека ова ќе биде тест за пратениците дали се за народот, бидејќи секој нивен глас ќе заначи спречување на сиромаштијата на граѓаните.
“Нашата иницијатива е за сите граѓани како револт за поскапувањето на струјата и укинувањето на евтината дневнатарифа. Струјата е поскапа за 70 %. Регулаторната комисија го дозволи тоа и мора да се спротивставиме. Досега се собрани над 5000 потписи. Рокот е до 30 јануари но, ги повикуваме граѓаните што поскоро да го дадат поптписот и пред нова година да го достравиме предлогот до собрание.“ рече Џелал Хоџиќ од Аман.