Водата од стариот водовод во селото Ресава не е за пиење!

Објавено: 12 јули, 2013, во 13:44 часот

Жителите на селото Ресава и сопствениците на викенд куќите на Тиквешкото Езеро во делот на ресавскиот залив не смеат да ја користат водата од стариот водовод.

Резултатите од испитувањата покажале дека таа не е за санитарна употреба.

Денеска локална самоуправа издаде соопштение со кое ги информира жителите да не ја пијат водата за да не се соочат со несакани последици по здравјето.

Како што се наведува во соопштението, општината превземала активности за интервенција на мрежата од стариот селски водовод.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.