Уште петнаесетина дена за легализација на дивоизградени објекти на земјоделско земјиште!
Сите граѓани кои имаат бесправно изградени објекти на земјоделско земјиште добиваат можност за нивна легализација. Веќе е започната постапката за достава на барањата за легализација.
Од општина Кавадарци информираат дека граѓаните кои имаат диво изградени објекти веќе можат да ги достават барањата до Граѓанско информативниот центар најдоцна до 2 август годинава.
Интересот за легализаирање на вакви објекти на кавадарчани е голем, бидејќи речиси на сите лозовите насади има изградено дополнителни објекти. Досега до општината биле пристинати 35 барања.
Преостануваат уште петнаесетина дена граѓаните да поднесат барања за легализаирање на помошен објект, оранжерија или објект за примарна обработка на земјоделски производи кои се изградени бесправно на земјоделско земјиште.