Во тек е конкурсот за седмосептемвриска награда во Кавадарци
До 20 август кавадарчани може да доставуват предлози за доделување на највисоката општинска награда 7 ми септември која се состои во диплома и плакета.
Се доделува на физички и правни лица како знак на придонес на Градот Кавадарци, за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставува посебен придонес за развојот на Градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот.
На ученици и на студенти: Наградата се доделува за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и вон наставните активности, што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Кавадарци.
Во правилата за учество на конкурсот се наглаува дека предлогот за Наградата треба да биде детално образложен, а за кандидатите поединци да содржи и биографија. Кон предлогот за доделување на Наградата за печатени дела и други изданија се приложуваат и два примерока од делото.