Започна постапка за конзервација и заштита на мостот на стариот пат Кавадарци-Прилеп

Објавено: 23 октомври, 2013, во 12:25 часот

Обраснат со бујна вегетација, сокриен од очите на јавноста, на 1,5 километри под селото Фариш се наоѓа стар мост сличлен на познатиот Елен Скок кај селото Тесонче. Мостот кај Фариш е дел од трасата на стариот пат кон Прилеп кој минува нив Дреновската клисура.

Покрај тоа што е целосно обраснат со вегетација сепак, она малку што може да се види, покажува дека станува збор за ретко архитектонско културно наследство. Токму поради тоа локалната самоуправа со помош на Музеј Галерија покрена постапка за негова конзервација, заштита и презентирање пред јавноста.

Од кавадаречката музеј-галерија велат дека откако се ќе биде завршено, мостот со целата негова убавина ќе може да се види ии да потсетува на градителството од старо време.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.