Благица Кицева, од полицајка преку Инспекторка, Виша и Самостојна инспекторка до Началничка на ОВР Кавадарци
10.04.2021
Благица Кицева е прва жена началничка на Одделение за внатрешни работи во Македонија. Кицева вчера е именувана за „прва полицајка“ на Кавадарци. Четириесет и две годишната Кицева има 23 години работен стаж во Одделението за внатрешни работи во Кавадарци.
Кицева е матурант на првата генерација на жени во средното полициско училиште во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет на УКИМ во учебната 2002/2003 година и шест години е Магистер на Политички науки.
Работната кариера ја започнала во Одделението за внатрешни работи во Кавадарци како полицајка. Во изминатите 23 години напредувала на работните позиции Инспекторка, Виша инспекторка и Самостојна инспекторка за вчера да биде именувана на позицијата Началничка.
Според Кицева, за стручноста во професијата особено е важно да се работи на повеќе позиции во хиерхиската поставеност на министерството како државна институција затоа што само така се потврдува знаењето стекнато во образовниот дел на струката и се стекнува искуство во работата. Кицева со порака до своите колешки да бидат упорни и да ја потврдуваат својата стручност но и да не се откажуваат од напредувањето само затоа што се жени и мајки.
Убавка Јаневска
