Црвен Крст Кавадарци од денеска во новоизградениот објект (видео)
Објавено на 20 октомври, 2023 во 14:24

Денеска беа отворени новите простории на ОО на Црвен Крст Кавадарци. Новиот објект е изграден на истата локација каде беа и старите простории, но целосно изгореа во пожар.
Претседателот на ОО, Димитар Каракулев упати голема благодарност до општината, градоначалникот Митко Јанчев и советот, јавните претпријатија, бизнис секторот и останатите општински организации на Црвен Крст кои несебично ја помогнаа изградбата на новите простории.
На отворањето денеска присуствуваа и претседателот и секретарот на Црвен Крст на Република Македонија и голем број претставници од општествено-политичкиот живот на Кавадарци и волонтери на Црвен Крст.
Ангел Данов
