Кавадаречките пензионери бесплатно се возат во јавниот општински превоз

Објавено: 9 јануари, 2026, во 10:44 часот

Пензионерите од Кавадарци бесплатно ги користат услугите за превоз во градските и приградските линии.  Јавното претпријатие „Градски превоз” и Општина Кавадарци им овозможија секојдневно користење на бесплатно возење.  

– За градските и приградските линии услугите ќе ги коритат од осум часот, без ограничувања, објавија од „Градски превоз”. 

Оваа поволност за највозрасната категорија граѓани беше изборно ветување на актуелната власт која стапи на сила од први јануари 2026 година.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.