Казнети возачи коишто не пропуштале пешаци на територија на СВР Велес

Објавено: 8 февруари, 2022, во 10:47 часот

На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера,  била спроведена четири часовна акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат предност на минување на пешаци на пешачки премин.

-Од 08:00 до 12:00 часот биле констатирани и санкционирани шест прекршоци, стои во дневниот билтен на СВР Велес.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.