Казнети возачи коишто не пропуштале пешаци на територија на СВР Велес
Објавено на 8 февруари, 2022 во 10:47
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, била спроведена четири часовна акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат предност на минување на пешаци на пешачки премин.
-Од 08:00 до 12:00 часот биле констатирани и санкционирани шест прекршоци, стои во дневниот билтен на СВР Велес.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Стефани Манева