Казни за не носење на маска и прекршување на полицискиот час
Објавено: 11 мај, 2021, во 12:18 часот
Од Сектор за внатрешни работи Велес, информираат дека во изминатите 24 часа, евиденитирале вкупно 23 граѓани кои не носеле маска. Од нив 11 во Велес, пет од Кавадарци и седум од Неготино
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, соопшти потпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
За непочитување на забраната за движење, за време на полициски час, која започнува во 23:00 часот и трае до 05:00 часот, од страна на полициски службеници казнети се шест велешани.
Стефани Манева
