Клековски: Со „Е-рецепт“ и симнување на нивоата на препишување на лекови, без одење на специјалист или субспецијалист

Објавено на 1 август, 2025 во 16:19

Целиот здравствен систем е базиран на постулати од пред 20 години кои што многу тешко се одржуваат, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување потенцирајќи го како еден од посуптилните проблеми, кој што ги создава вака поставениот систем, упатувањето на пациентите на специјалисти и субспецијалисти. Во поголемиот дел на Македонија има недостаток на лекари со вакви квалификации, во скоро сите медицински гранки. Фондот за здравство разгледува можности за симнување на нивоата на препишување на лекови одговори Клековски на новинарското прашање на Дума.мк.

-Сакаме тоа системски да го направиме заедно со промоцијата на Е-рецепт, којшто освен за хроничните ќе се издава и за акутните болести. Рецептите ќе треба да бидат комплетно дигитализирани и да најдеме начини како да го регулираме издавањето да биде соодветно. Бидејќи жалби има, не само од Велес туку и од други градови, кадешто ќе има се помалку не субспецијалисти туку и специјалисти кои ќе треба да ги препишуваат лековите, додаде Клековски.

„Е-рецепт„ можно е да профункционира од наредната година откако во изминатата, една година, се направија две дополнување на позитивната листа во првиот круг со девет и во вториот круг со два генерички лекови за онколошки пациенти. Клековски допрецизира дека се вложувале големи напори за да се раздвижат работите поточно да се осознаат проблемите и да се бараат решенија.

Конкретно, со решението за кое директорот на Фондот за здравство зборуваше не ќе треба на секои шест месеци, а за накои видови терапија и во пократок временски период, да се оди кај субспецијалист за да се продолжи терапијата.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.