Кој е добитник на 1.000 денари месечна државна помош за сметките за струја, списокот е објавен

Објавено на 30 јуни, 2025 во 18:29

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави списокот на лица кои ќе добијат финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Бројот на семејства од Велес е мал, во споредба со други градови во Вардарски регион.

Како што соопштија од Министерството според резултатите:

• 313 домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост ќе добиваат месечна поддршка од 1.000 денари, почнувајќи од март 2025 година.

• 94 згрижувачки семејства исто така го стекнуваат правото на финансиска поддршка.

Поддршката се исплаќа во форма на намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија, во траење од 12 месеци, сметано од денот на поднесување на барањето.

За оваа намена, Министерството ќе издвои приближно 5 милиони денари од Буџетот за 2025 година, како директна поддршка за оние на кои им е најпотребна.

Дополнително, Министерството веќе достави предлог до Владата за нова Програма со која се предвидува проширување на опфатот на ранливите категории граѓани, што ќе овозможи уште поголем број семејства да добијат поддршка во 2025 година. Новиот јавен оглас се очекува да биде објавен наскоро.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.