Коки: „Демократија е она кога можеш слободно да се жалиш, а притоа ништо да не се смени“
Објавено: 26 јануари, 2026, во 10:16 часот
Нашиот афористичар Никола Бошков Коки и покрај најавата за времен одмор не изненади со напишани нови 10 афоризми за оваа седмица. Се надеваме дека неговото отсуство ќе започне од оваа недела и ќе биде кратко. Прво прочитајте ги неговите афоризми а потоа и пораката што ни ја испрати за да ја пренесеме до читателската заедница на Дума.мк.
„СЕЛФИ ? ! сите се во кадар, но никој во реалност.“
„Ги осветија новите автомобили во МВР, но кој ќе се одважи да ги освети и просветли мноштвото вработени ШЕРИФИ на разно-разните полициски позиции и…министерот.“
„Демократија е она кога можеш слободно да се жалиш, а притоа ништо да не се смени.“
„Во политиката вистината е прашање на мнозинството.“
„Уметност е да го гледаш соговорникот в лице, а при тоа да умееш преку очите да му го читаш срцето.“
„Му завидувам на вирусот на грипот: тој може да направи избор која жена ќе ја легне в кревет.“
„Домашната политика е секогаш посложена од државната.“
„Во бракот нема тајни, има само лошо скриени вистини.“
„Бракот е долга приказна но со кратки романтични паузи.“
„Љубовта е слепа, ама комшиите се гледаат.“
„Им изразувам голема благодарност на сите благородни луѓе кои ми посакаа побрзо оздравување, но за жал, ги информирам дека денес ги читаат последните десет афоризми на нашиот портал. Тоа не значи дека пак, нема заедно да другаруваме и понатаму. Ве молам за разбирање, бог да ве милува сите,“ ни напиша
Вашиот, КОКИ
Дума.мк искрено му посакува лесно закрепнување и што поскоро да се „фати“ за своето афористичко перо. „Коки ние те чекаме!“
Дума.мк


