Колев: За околу четири месеци, три екипи на Телеком, ќе ги променат сите 4. 695 улични светилки во Општина Велес (видео и фото)
На третиот ден од започнатата реализација на проектот за замена на старите со лед улични светилки Градоначалникот Марко Колев со оптимистичка прогноза дека велешани во сите делови на градот, за најмногу четири месеци, ќе имаат улично осветлување што е неколку пати по квалитетно од актуелното. Овие сијалици се со бела наместо старите со жолта светлина. Новото улично осветлување е далеку поекономично, рече колев, и ќе ја намали давачката којашто граѓаните ја плаќаат во месечните сметки поточно „Комунална такса за јавно осветлување“.
Станува збор за нови и паметни светилки, се вградува нова електронска опрема за далечинско управување и се поставуваат улични сандачиња за надгледување на електричната енергија, поставено се во софтвер и на мапи за полесно управување рече Марјан Богатиновски главен Комерцијален директор на Телеком.
Според Градоначалникот Колев и директорот Богатиновски ова е голем проект со вредност на склучен Договор од вкупно 90 милиони денари. Општината ќе го плаќа од буџетот цели три години или месечно по 2,5 милиони денари. Производител на учичните светилки е србската “Шредер“ од која пред седум години купи прва количина на светилки и ги постави.
Убавка Јаневска