Кривична пријава за двајца жители на село Сирково

Објавено на 17 февруари, 2025 во 18:44

Одделение за внатрешни работи Кавадарци, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против З.П.(57) и Б.П(34), двајцата од село Сирково, општина Росоман, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и експлозивни материи“,  казниво по член 396 став 1  од Кривичниот законик.

„На 18.03.2024, при претрес во нивниот дом и помошни простории во село Сирково, извршен со содуска наредба, биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, куршуми различен калибар и други предмети,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.