Кривична пријава за крадци од Велес и од Кавадарци, за украдени пари од дом на Кавадачанец како и за украдена ракија што ја оставиле на кеј на “Луда Мара“

Објавено на 23 мај, 2025 во 13:53

Одделение за внатрешни работи Кавадарци до Основно јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава  против Џ.Н.(32) од Велес и Ј.Ф.(22) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

„ На 26 јануари, годинава, околу 12:00 часот, првопријавениот влегол во домот на А.К.(55) од Кавадарци и одзел 176.000 денари и 10 литри ракија, а второпријавениот му помогнал во извршувањето на кривичното дело на тој начин што му кажал дека во домот нема никој како и дека влезната врата е отворена. Џ.Н. му дал дел од одземените пари на Ј.Ф., а ракијата ја оставиле на кејот на реката Луда Мара, каде била пронајдена,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.